на официјалната Web-страница на нашето училиште                     
ООУ „Ванчо Прке“ - Штип    

 

 

 

Мисија и визија

на ООУ Ванчо Прке - Штип за оваа учебна година

 

МИСИЈА

 

Нашето училиште претставува отворена институција за нови, напредни и современи облици на учење и примена на новите методологии и го стимулира индивидуалниот развој на сите ученици и вработени без разлика на етничката припадност, ја развива свеста за правата и одговорностите на ученикот, ја развива свеста за правата, и одговорностите на ученикот.

 

 

 Изјава за мисија:

Училишна средина според потребите на учениците и општествената средина.

 

 Визијa на училиштето

Се стремиме кон негување на слободата на мислењето и говорот, почитување на ученикот, пред се како личност без разлика на неговата етничка припадност, настава во која ќе се користи современа  образовна технологија и методологија и истата да биде применета во корист на остварување на целите на учењето, наставата да биде атрактивна и учениците да го сфатат учењето како сопствена потреба и нужност и да гради систем на позитивни вредности , а со тоа ќе ги подготвиме да се оформат како возрасни зрели личности кои ќе придонесат,за градење на демократско граѓанско општество.

 

 Изјава за визија:

 Секогаш ќе бидеме во чекор со времето.