на официјалната Web-страница на нашето училиште                     
ООУ „Ванчо Прке“ - Штип    

 

 

  Штипскиот градоначалник ги додели наградите за еко фотографија на ученичка од нашето училиште

» понеделник, 04 ноември 2013 14:10 »новинар  Александра Ристевска

Градоначалникот на Штип, прим. м-р Илчо Захариев, денес во неговиот кабинет ги додели ваучерите за паричните награди, кои ги добија учесниците на конкурсот за еко фотографија. Како што е познато, првата награда е 5000 денари, втората 3000, а третата 1000 денари.

- На конкурсот пристигнаа над 250 фотографии, а жири комисијата селектираше 20 фотографии во потесна конкуренција, по што го изврши изборот на најдобрите фотографии, вели градоначалникот Захариев.

Првата награда ја доби Тоши Трајчев, втората Нела Николовска од ООУ „Гоце Делчев“ (фото мотив пчела) и третата награда ја доби Бисера Ташкова од ООУ „Ванчо Прке“, со фото на парк во училиштето.

 
 
 
 

» вторник, 29 октомври 2013 15:24 » известувач  Славица Величковска

Меморандум за соработка беше потпишана денес, меѓу локалната власт и основното училиште „Ванчо Прќе“. Досегашната соработка ќе продолжи, со фокус на активно вклучување на учениците во еко проектите во Општина Штип, изјавија и од училиштето и од локалната самоуправа.

Во еко проектите на Општината, се очекува учество на сите училишта, како во нивните еко паркови, така и во ботаничката градина која се планира во населбата Дузлак.

 
 
 
 
 
 
 
 

» петок, 06 септември 2013 19:25 »  известувач  Александра Ристевска

Едукативниот центар „Еколошки парк Виножито" на ЕД „Виножито" со почетокот на новата учебна година ги понуди можностите за еколошка едукативна настава на основците. Денес учениците од основните општински училишта „Ванчо Прќе„ и „Гоце Делчев" учеа како да ги штитат шумите од уништувањето со дивата сеча.

Оваа едукација е во насока младите да се насочат кон тоа дека нема да се затвараат очи пред уништувањето на шумите. ЕД „Виножито и со проектни активности заедно со повеќе партнерски организации работи на овој проблем"

На денешната еколошка едукација присутен беше и штипскиот градоначалник, Илчо Захариев.

Овој парк покажува дека кога се сака можат да се направат убави нешта. Секоја почит кон ЕД „Виножито„, додава Захариев.

Еколошката активност за заштита на шумскиот фонд ЕД „Виножито" ја реализира под координација На ЕД Планетум".

 

» сабота, 05 октомври 2013 18:35 » известувач Викторија Димитрова - Јованова

Во 11 те општини во источна македонија се спроведува акцијата Македонија без отпад. Се чистат мини депониите и речните корита. Во Штип акцијата се спроведуваше на повеќе локации, а со градежна механизација се уредуваше и просторот кај Стара Кланица.

Акцијата Македонија без отпад успешно се спроведе и во останатите општини. Во Виница се чисти на неколку места 

Во акцијата се вклчија и учениците во основните училишта во Штип и регионот.

Според првите луѓе на општините ваквите акции треба да бидат поука на несовесните граѓани, кои насекаде фрлаат отпад и шут.

Сепак акциите треба да бидат помасовни. Општинската администрација, јавните претпријатија и вработените во општинските институции се на терен, но треба да се најде начин и да се мотивираат и граѓаните за да се вклучат во акцијата. Според Информациите од општина Штип и ЈП Исар во акцијата се собрани над 50 метри кубни отпад.